Loading Video...
Тенис
29. January 2022 - 18:20

Барти на радост на домашната публика триумфира Австралија Опен

Најдобратa светска тенисерка Ешли Барти на задоволство на домашната публика го освои првиоот овогодишен Гренд слем турнир Австралија опен. 

Барти ја оправда фаворитската улога и во финалето ја совлада Американката Дениел Колинс со 2:0 по сетови 6-3 и 7-6, што што го заврши турнирот во Мелбурн без загубен сет. 

За Барти ова е нејзин трет трофеј од Гренд слем турнирите, од кои единствено и недстасува трофејот од УС Опен.

Воедно Барти го прекина 44-годишниот пост на австралиските тенисерки во Мелбурн, каде последен пат домашната публика се радувала на трофејот на Кристин О’Нил во 1978 година.

Утре на програмата е машкото финале во кое ќе играат Русинот, Данил Медведев кој во одсуство на Ѓоковиќ е топ фаворит и Шпанецот, Рафаел Надај кој доколку триумфира ќе избие на првата позиција на вечната листа на најтрофејни тенисери. 

Надал досега на Гренд слем турнирите има освоено 20 трофеи колку и неговите вечни ривали Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.