Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид

Белата куќа на својот официјален сајт претстави неколку компјутерски игри што промовираат политички идеи за кои се залага американскиот претседател Доналд Трамп. Меѓу нив е и игра во која целта е да се истераат што поголем број мигранти.
Во одделот Arcade, на сајтот, се наоѓаат игри со ретро дизајн, ниска резолуција и наликуваат на оние од 80-те години од минатиот век. „Изгради ѕид“ е копија на Тетрис што ја трансформира класичната игра во обид да се заштитат границите од „орди што надоаѓаат“, јавија американските медиуми.
Во „Рио Потера“, игра што потсетува на „Змија“, фигура слична на Трамп трча наоколу, фаќајќи нелегални имигранти и облекувајќи ги во портокалови затворски одела.
Во играта „Линија на снабдување“ храната се движи по производствената линија и потребно е да се отфрлат предметите што не ги исполнуваат стандардите.
Двете игри се одвиваат на небото над главниот град на САД, Вашингтон.
Во играта „Flappy Bill“, орел носи повелба и избегнува судир со столбови, а во играта „Trump Savings Tycoon“, целта на играчот е да собира пари што летаат низ воздухот за да ги „наполни сметките на своите деца“, додека планот за штедење на претседателската администрација нуди 1.000 долари за секое дете родено за време на мандатот на Трамп.
MИА
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
