Бели тартуфи тешки 850 грама продадени за неверојатни 100.000 евра во Италија
Два ретки бели тартуфа, со вкупна тежина од 850 грама, се продадени за 100.000 евра на аукција во Италија, а купувачот е од Хонгконг.
Продажбата се одржала во неделата, на 8 ноември, во рамки на 27. Светска аукција на бели тартуфи од Алба, во замокот Гринцане Кавур, во италијанскиот регион Пиемонт.
Двата тартуфа биле пронајдени заедно во областа Ланге, а наддавањето за нив започнало од 20.000 евра. По повеќе понуди, конечната цена достигнала 100.000 евра.
На аукцијата биле продадени и други примероци, меѓу кои тартуф од 300 грама за 14.000 евра и тартуф од 250 грама за 10.000 евра.
Белите тартуфи од Алба се меѓу најретките и најскапите гастрономски деликатеси во светот. Растат под земја, во близина на корените на одредени дрвја, а нивната реткост, специфична арома и тешкото пронаоѓање придонесуваат за високата цена.
Организаторите соопштија дека средствата собрани од аукцијата се наменети за хуманитарни проекти во Италија и во странство.
Ново на Сител
-

Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито
-

Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
-

Генералниот секретар на НАТО утре ќе ја посети Полска, на местото каде што денеска паднаа две руски ракети и дрон
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
