Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Од 00:01 часот на 15 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, исто така, поскапува за 3,50 денари и ќе чини 102,50 денари за литар.
За разлика од бензините, дизелот поевтинува за два денари. Новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 99 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по цена од 48,243 денари за килограм.
Според РКЕ, со новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука.
Кај дизелот е применета повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно одлуката на Владата од 13 септември, а продолжува и примената на намалената акциза кај бензините и дизелот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
