Бесент: Постигнувањето договор ќе зависи од одлуката на Трамп

Потенцијалниот договор на САД со Иран ќе зависи од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесент и повтори дека Трамп „нема да направи лош договор за американскиот народ“.
- Сè зависи од тоа што тој сака да направи – рече Бесент за време на брифинг со новинари во Белата куќа.
Тој одби да сподели детали од прелиминарниот договор што го постигнале тимовите на САД и Иран, но истакна дека каков било договор мора да вклучува точка според која Иран го предава збогатениот ураниум и се согласува дека нема да прави нуклеарно оружје.
Говорејќи за потенцијалната точка од договорот според која САД наводно би требало да ги укинат санкциите за Иран, тој рече дека тоа „би одело многу бавно“.
- Тоа е повеќеслоен договор и ништо нема да биде на маса додека не го видиме отворањето на Ормуската Теснина и додека Иранците не се согласат дека мора да го предадат високо збогатениот ураниум и дека нема да имаат нуклеарна програма – рече Бесент.
Тој истакна дека оманските власти му понудиле уверувања оти Оман не планира да наплаќа такси за Ормуската Теснина.
- Утрово разговарав со оманскиот амбасадор и тој ме увери дека нема планови за наплаќање такси за протокот. Како што рече, нашите земји имаат 200 години добри односи. Тој сака да има уште 200 години, и, знаете, му реков дека ова не е можно и дека не сака да ризикува ниту поединци од Оман, ниту оманските финансиски институции да бидат санкционирани – рече Бесент.
Американскиот портал Аксиос (Axios) претходно денеска, повикувајќи се на американски официјални лица, јави дека преговарачите САД и Иран постигнале договор за меморандум за разбирање со кој примирјето би се продолжило за 60 дена и би се покренале преговори за иранската нуклеарна програма.
„Џерузалем пост“ потоа информира дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, не го одобрил нацрт-меморандумот за разбирање со САД, поради што ниту Трамп не се согласи со договорот.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштад Македонија
-

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3
-

Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
