Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).
На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време.
И за време на божиќните празници на 06.01. (вторник), 07.01. (среда), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим, се вели во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу и Тошковски ќе информираат за опасностите од употреба на пиротехника
-

Седум продолжени викенди за сите граѓани во 2026 година
-

Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела
-

Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
-

Пожар во хотел во популарно одморалиште во Белгија, нема жртви
-

Облачно со дожд и јужен ветер
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
