Бесплатни прегледи за граѓаните за превенција од топлото време
Осуммина скопјани со покачен притисок синоќа завршиле кај матичниот лекар. Дијагнозата им била поставена на пунктовите за бесплатни прегледи. И оваа лето 5-та година по ред Здравствен дом Скопје и Министерството за здравство го реализираат проектот за превенција од топлото време. Вчера на првиот ден медицински екипи во попладневните часови беа лоцирани на три фреквентни места во главниот град. Лекарски совети побарале 320 граѓани.
-Целта на овие прегледи на кои бесплатно може да се измери притисок и да се добијат лекарски совети е да се превенираат кардиоваскуларните заболувања, а токму покачениот притисок е еден од ризик факторите за овие заболувања, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Претходните 4 лета над 50.000 граѓани ги посетиле овие медициснки пунктови. Лекарите кај 92-ца случајно откриле дека имаат над 200 притисок и веднаш биле пратени во најблиската болница. Анализите кои ги прави Здравствен дом Скопје покажале дека проектот дава резултати, наманален бројот на колапси кога е најтопло, а помалку граѓани се јавуваат и на Брза Помош.
-Во изминатите години кога е топло сме имале и по десетина колапски, а сега има топли денови кога немаме регистрирано ниту едно колабирање, додаде д-р Баевска Вучковиќ.
Денеска земјава е во жолта фаза со многу високи температури. Оние кои имаат потешкотии поради горештините и вечерва може да добијат бесплатен лекарски преглед на пунктовите стационирани на кејот на Вардар, во Карпош и Аеродром.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
