-->
-->
Без струја повеќе улици во Скопје
-->

Без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 70Б - ТЦ Алуминка, потоа улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево и улицата „8“, како и дел од корисниците од улицата „12“ во село Долно Соње.
Од Регионалниот центар за управување со кризина на Град Скопје сопштија дека во периодот од 7 до 16 часот без електрична енегија ќе останат и корисниците од ул. „Мирослав Крлежа“ лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, од 8:30 до 13:40 часот, корисниците од улицата „Јустинијан Први“ лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани и во периодот од 11 до 15:30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска во општина Карпош.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
-

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада
-

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
-

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност
-

Сончево и топло до 38 степени
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
