Без вода и струја неколку улици во Скопје

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 9 во Општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани и Карпош. Во периодот од 8 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Морани и викенд-населбата Морани во општина Студеничани.
Во периодот од 8:30 до 15 часот, пак, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „1506“ и „1550“ во населбата Момин Поток, како и корисниците на „Електроводомонт“, „Стил железо“ и „Европа 92“ во општина Карпош, додека од 9 до 13 часот, прекин во напојувањето ќе имаат и корисниците од улицата „Иван Аговски“, исто така во општина Карпош.
МИА
Ново на Сител
-

Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
-

Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски
-

Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи
-

Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови
-

Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран за завршување на блискоисточкиот судир
-

Киев се заканува дека со напади на дронови целосно ќе го изолира Кримскиот Полуостров
-

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени
-

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари
