Безос: Вештачката интелигенција ќе отвори нови можности наместо да ги укине работните места

Вештачката интелигенција нема да доведе до намалување на бројот на работни места, туку напротив, ќе создаде недостиг од работна сила, бидејќи ќе им овозможи на луѓето да препознаваат и решаваат повеќе проблеми отколку досега, изјави американскиот милијардер Џеф Безос.
Основачот на Амазон на технолошкиот саем Виватек (VivaTech) во Париз, се осврна на сè почестите тврдења дека вештачката интелигенција ќе замени голем број работници.
– Воопшто не се согласувам со тоа. Мислам дека вештачката интелигенција ќе создаде недостиг од работници затоа што ќе им овозможи на луѓето да препознаваат повеќе проблеми, изјави Безос.
Тој нагласи дека човечката креативност не е ограничена од имагинацијата, туку од способноста идеите да се претворат во реалност.
– Не е нашата имагинација тоа што нè ограничува, туку она што сме способни да го направиме, додаде Безос.
Според него, многу идеи остануваат нереализирани затоа што нивната практична примена е сложена и бара значителни ресурси и време. Тој смета дека вештачката интелигенција може значително да го забрза тој процес и да овозможи реализација на многу поголем број проекти.Ваквите изјави се дадени во време кога неговата компанија, со цел да ја зголеми употребата на вештачката интелигенција, минатата година укина околу 30.000 работни места.
Меѓу другото, газдата на Амазон проговори и за развојот на вселенската индустрија.
– Вселената не е ограничена од побарувачката, туку од понудата, истакна Безос, сметајќи дека ограничениот пристап до вселената во иднина ќе претставува една од најголемите пречки за понатамошниот развој и напредок, истакнувајќи ја важноста на Месечината за идните вселенски мисии и истражувања.
Според него, долгорочното присуство на човекот на Месечината ќе игра важна улога во натамошното истражување на вселената и развојот на нови технологии кои би овозможиле пошироко ширење на човечките активности надвор од Земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
