Биатлонецот Најденоски се пласира на 90. место на младинските ЗОИ во Гангвон
Првиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски.
Македонскиот 18-годишен претставник ја заврши трката на 90. место, заостанувајќи 14:53,3 минути зад победникот Антонин Гај од Франција. Среброто го освои Норвежанецот Сторм Веитсле, а бронзата Маркус Скленарик од Словачка.
Претходно, денеска на олимписките борилишта во Гангвон се појави и македонската биатлонка Андријана Кајевска, која во трката на 10 километри го освои 97. место во конкуренција на 98. учеснички.
Во четиричлената македонска експедиција на „Гангвон 2024“ се и Давид Торевски и Матеа Трајковска, кои ќе настапат во крос кантри.
На Зимските младински олимписки игри во Гангвон се пријавени над 1.800 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 80 држави.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол