Била преубава манекенка но по пластичната операцијата станала наказа која никој не сакал да ја види!

Керол Брајан со манекенство почнала да се занимава на 16 години. Била успешна се до моментот кога ја наговориле да направи операција како би останала младолика.
Животот и бил совршен. Работела работа која ја сака, се омажила за прекрасен маж и добила преубава ќерка. Сепак во 2009 години се одлучила да прави пластична операција.
Откако и ги вбризгале инекции, потполно се изобличила, била толку многу отечена што и било срам да се појави во јавност.
Очајната Керол потоа често одела на нови интервенции како би го поправила изгледот на лицето но безуспешно.
- Станав чудовиште. Ни сопственото семејство не можеше да ме погледне. Паднав во тешка депресија и почнав да живеам изолирано - рекла Керол.

По 4-годишната агонија, нејзината ќерка ја натерала повторно да побара помош. Единствен лекар кој се нафатил да го да го реши нејзиниот проблем бил др. Реза Џарах, еден од најголемите експерти во областа на трансплантацијата. Во доглотрајната терапија му помагал естетскиот хирург Брајан Бојд, кој приказната на Керол ја објавил на официјалната интернет страна на поликлиниката.
- Лекарите ме предупредија за ризикот, но немав избор. Првиот дел беше најлош. Од главата мораа да ми ги отстранат сите мускули и ткиво, се до коските, зафатот траеше 16 часа. Голем дел од кожата на нозете ми пресекоа и ми ја пресадија на лицето. Никој не можеше да ми гарантира дека новото ткиво добро ќе се соедини бидејќи лицето ми беше затруено со опасни хемикалии кои мислев дека ќе направат засекогаш да бидам млада и убава - изјавила Керол.

Пред операцијата, несреќната Керол лицето го криела под завои бидејќи тоа буквално било поделено на слоеви, со левото око можела да гледа само кога ќе ја подигнела кожата која и висела од челото.
- По зафатот го изгубив видот на десното око, но сум благодарна на Господ и лекарите што се уште сум жива. Требаше да поминат години со агонија, страдање и страв за да сфатам кое е вистинското значење на животот. Заблагодарувајќи се на она што го поминав научив да бидам храбра, веќе не се плашам да побарам помош од психолот и да ја покажам на светот својата внатрешна убавина - завршила Керол.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
