Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
Актерката Билјана Драгичевиќ Пројковска е 33 та добитничка на наградата која го носи името на Ристо Шишков. Единствената награда за највисоко актерско остварување на Фестивалот на камерен театар, кој заврши синоќа во Струмица, таа ја доби за улогата на Корин Фел во претставата ,,Гидеоновиот јазол,, од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата ја освои во конкуренција меѓу четириесетина актери од 12 претстави од земјата и странство.
Во образложението на жирито, предводено од минатогодишниот лауреат Лео Долорес Поповиќ стои дека Драгичевиќ Пројковска успева да го прикаже ликот со исклучителна прецизност и емотивна длабочина.
И оваа година, наградата за високо актерско остварување се состои од плакета, златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и паричен износ од 1.500 евра.
Покрај главната награда, жирито одлучи да додели и специјална награда за најдобра претстава на фестивалот. Ова признание ѝ припадна на претставата ,,Ричард Трети,, од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, во изведба на Народниот театар од Битола.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар