Билки штетни за во спалната соба

Собните растенија се внесуваат во домот како украс, но и да го подобрат квалитетот на воздухот, создавајќи така попријатна средина за престој. Сепак, одредени видови цвеќиња не се погодни за во спалната соба, на пр., бидејќи лошо влијаат на спиењето, дишењето, безбедноста и, воошто - на здравјето.
Некои растенија, имено, иако се корисни во други делови од куќата, може да предизвикаат непријатност, алергиски реакции, па и потешко дишење при сонот. Следат неколку украсни билки за коишто не е препорачливо да се чуваат во спалната соба.

Еукалиптус
Иако познат по својот пријатен и освежителен мирис, еукалиптусот може да предизвика главоболки и респираторна иритација кај некои луѓе. Неговата силна арома не е погодна за простор наменет за одмор. Наместо во спалната соба, подобро е ова растение да се постави во бањата, каде што неговото есенцијално масло може да го освежи просторот без негативни здравствени последици.

Кактус
Ова растение е чест избор поради лесното одржување. Сепак, бара многу светлина, што го прави несоодветно за потемни простории како што е - спалната соба. Дополнително, боцките од кактус можат да претставуваат опасност од повреда, особено ако се близу креветот. Доколку сакате да чувате кактуси внатре, подобро е да се постават во дневната или работна соба, секако - вон дофат на деца и домашни миленици.

Орхидеја
Иако, естетски, се многу пријатни, ниту орхидеите не се за во спална соба. Некои луѓе може да развијат благи алергиски реакции на ова растение, што може да се манифестира како проблеми со дишењето или иритација на кожата.
МИА
Ново на Сител
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
