Македонија
5. August 2025 - 10:19

„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром

Од „BioCosmos & Mirana“ информираат дека пожарот во производствениот погон на „BioCosmos“ избувнал како резултат на удар од гром.

Потенцираат дека фабриката Мирана не е зафатена од пожарот.

Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.

Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.“, соопштуваат оттаму.