Битиќи за ICSID: Со вицепремиерот од претходната власт имаме само различни презимиња по етникум

Единствената разлика меѓу мене и вицепремиерот за економски прашања од претходната Влада е моето презиме наспроти неговото. Има ли друга разлика? Јас не гледам ништо друго освен тоа - двајцата носиме иста функција, двајцата сме политички активни. Но, имаме презимиња кои по етникум се различни. Можеби тоа е единствениот проблем, ама јас тоа не го кажувам зашто во моето опкружување постојат само луѓе.
Вака денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговори на новинарско прашање дали размислува да се повлече од позицијата во Арбитражното тело за инвестициски спорови ICSID на кое е номиниран од Владата, зашто за ова место не треба да извршува и политичка функција, а тој моментно е потпретседател на СДСМ.
Битиќи нагласи дека без проблем ќе отстапи ако јавноста смета дека тоа е проблем да не ја претставува адекватно државата од позиција на вицепремиер.
Како што објасни, праксата на номинирање владини членови во Арбитражното тело е иста веќе 15 години, а номинирањето не значи и ангажман.
-Искрено, не го разбирам прашањето. Но, тоа уште повеќе ме мотивира дека во нашата држава конечно треба да зборуваме за луѓе и за нивната лична одговорност, а не под превезот на колективизмот. Прашањето што го поставувате е процедура која постои наназад 15 години и во рамки на која Владата од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања номинира одредени лица за Арбитражното тело за инвестициски спорови. Така било и пред 10 години, така е и денес, уште повеќе што денес е на поорганизиран начин зашто има Координативно тело за следење арбитражни постапки. Во претходниот мандат тоа бил друг вицепремиер кој бил политички активен. Тоа не значи дека номинирањето значи ангажман и за секој ангажман понатаму секој поединечно кажува дали е независен во одлучувањето. Претпоставката е дека можеби хипотетички некогаш ќе биде ангажиран некој што е номиниран, но веројатноста е дека никогаш нема да биде ангажиран зашто ако видите кои биле номинирани, освен една дотична госпоѓа, ниту еден друг од седумте номинирани, не бил ангажиран, истакна Битиќи.
Тој го праша новинарот која е целта на ваквото прашање. Воедно потсети дека пред да биде политички активен, бил доволно номиниран каде што требало.
-Нема никаква лоша одлука. Кажете, која е целта? Што треба да направам? Нема никаков проблем, мене очекувањето ми е најмалку битно во овој момент - дали некој ќе ме номинира некаде, зашто пред животот во политиката сум бил доволно номиниран каде што требало. И без да ме номинираат, сам сум се изборил. Ако смета јавноста дека тоа е проблем да не ја претставувам адекватно државата од позиција на вицепремиер, нема проблем, ќе се отстапи. Но, треба да кажеме дали имаме доволно подобни луѓе кои ќе ја претставуваат државата и за кого тие треба да бидат подобни, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.
Ново на Сител
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
