Македонија
22. July 2025 - 16:40

Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде поддршка на ВРЕДИ и на ЗНАМ на изборите за градоначалници. Преговорите се очекува да завршат во втората половина на идниот месец а договорот да подразбира дека најголемата владејчката партија нема да предложи свој кандидат онаму каде што тоа ќе го направат коалиционите партнери. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ за прв пат нема да има свои кандидати во општините во западна Македонија, а веројатно ќе остане и без кандидатура во Куманово и скопски Центар.

СДСМ до овој момент нема договорено надворешен коалиционен партнер и на изборите ќе очекува поддршка од оние партии кои им останаа верни по последните избори. Сите анализи на јавното мислење не најавуваат некоја голема неизвесност во македонскиот политички блок, што е сосема спротивно од она што се очекува меѓу кандидатите кои целат на општините каде што доминираат етнички Албанци. Доказ за тоа е и кандидатурата на Османи во Чаир 

“Долго размислував пред да ја донесам оваа одлука. Јас не бегам од тешки мисии, напротив, верувам дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, можеме да го промениме Чаир. Да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“, порача Османи во првата снимена прошетка низ Чаир откако ДУИ вчера и официјално го предложи за градоначалнички кандидат. 

Во такви услови речи си извесно е дека силите ќе ги одмери со вицепремиерот Изет Меџити кој веќе има искуство во водењето на оваа општина. 

Дека изборите се да се биде или не за двете страни во албанскиот блок потврдува и најавата дека речи си целото раководство и во двете коалиции ќе биде вклучено во изборната трка.