Македонија
19. August 2026 - 13:39

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта

На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  Ј.Н.(48)  од Битола, соопшти МВР.

При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал  под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува   соодветна пријава.