Битолчани поразени на гостувањето кај европскиот шампион

Ракометарите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа пораз 36:26 на гостувањето кај европскиот првак Магдебург. Домашниот тим ја потврди фаворитската улога и остана единствената непоразена екипа во групата, додека битолчани се на претпоследното место со една победа во првото коло против Загреб.
Резултатска неизвесност имаше до средината на првиот дел кога Магдебург имаше гол предност, а последен пат беше 8:7. По овој резултат следуваше серија 4-1 за бундеслигашот за 12:8 и на полувреме беше 19:13 за Магдебург.
Во вториот дел Е.Пелистер намали на 22:18, но до крајот на дуелот домашниот тим беше убедлив и стигна до двоцифрена победа 36:26.
Најефикасен на дуелот беше Омар Магнусон со 10 голови (без промашување), а кај Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски постигна 6 голови.
Македонскиот шампион следниот натпревар го игра на домашен терен на 12.ноември против ПИК Сегед.
МИА
Ново на Сител
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
-

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто
-

Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија
-

Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток
-

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Марино и Волково
-

Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
