Бизарно убиство: Си ја убил сопругата затоа што доцнела со вечерата

Индиската полиција уапси 60-годишен маж, кој ја убил својата сопруга со истрел од пиштол, затоа што доцнела со сервирањето на вечерата.
Како што соопшти претставник на полицијата во градот Газијабад, Рупеш Синг, убиецот Ашок Кумар дошол дома пијан и започнал расправија со сопругата.
- Тој пиеше секој ден. Дошол дома пијан и почнал да се расправа со сопругата. Таа беше вознемирана поради неговите навики да пие и сакала за тоа да разговараат, но тој веднаш сакал да вечера. Долгото чекање на вечерата го изнервирало и пукал во неа, изјави полицискиот претставник.
Сопругата на Ашок, Сунаина (55) веднаш била однесена во болница со прострелна рана од куршум во главата, но набрзо им подлегна на повредите.
Како што наведе Синг, Кумар го признал злосторството и рекол де жали поради својата постапка.
Насилството во семејството претставува голем проблем во Индија, а најчести кривични дела се оние каде жртви се жените.
Според податоците, во Индија во 2015 година во просек на секои четири минути бил пријавуван по еден случај на семејно насилство, а во земјата малку се зборува за овој проблем и постои „култура на тишина и одобрување“.
Повеќе од 54 осто од мажите и 51 отсто од жените веруваат дека е „во ред мажот да ја тепа жената“, затоа што не ги почитува неговите родители, ги занемарува своите обврски кон домот и децата, но и ако има премногу сол во храната.
Ново на Сител
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
