Македонија
24. July 2025 - 16:35

Бизнисот верува во кандидатурата на Ѓорѓиевски за Скопје – Вреди најавува свој кандидат за главниот град

Стопанската комора верува во капацитетот на раководење на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На средба во Комората, првиот човек Бранко Азески вели дека доколку Ѓориевски ја добие довербата на граѓаните во него гледа добар партнер за соработка... Бизнисот побара посебни зони во Скопје, железница покрај кејот на Врадар, да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми. Ѓорѓиевски вети поддршка и соработка за подобро Скопје.

Според извори на Сител , се поизвесна е кандидатурата на актуелниот заменик министер за енергетика, Мирослав Лабудовиќ, како кандидат на ЗНАМ за позицијата во општина Центар кој ќе добие поддршка и од ВМРО ДПМНЕ. Во следните две недели ќе биде јасно во кои општини владејачката партија нема да има свои кандидати, туку ќе ги поддржи имиња на коалиционите партнери ВРЕДИ и ЗНАМ. 

Паралелно и албанкиот владин партнер ги интензивира преговорите за свои кандидати. Вреди најавува дека свој кандидат ќе имаат и за градоначалник за Скопје, а до наредната недела ќе бидат официјализирани кандидатурите на сите нивни кандидати. Во Струга ќе дадат поддршка за независниот кандидат Менди Ќира. Иако официјално не се потврдува, Изет Меџити е се по извесно дека влегува во трка за градоначалничкото место во Чаир, Касами е речиси сигурен кандидат за Тетово, а министерот Лимани за Кичево.

Во следниот период и Знам ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници, а во општините каде нема да имаат кандидат, ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ.

Иако кампањата за локалните избори се уште не започната, партиите со веќе потврдените кандидати, ги интензивират средбите сограѓани во обид да добијат што повеќе гласови на своето конто.