Благотворноста на свежото сирење
Прекумерното јадење сирење може да доведе до покачен холестерол и висок крвен притисок, што на крајот ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни болести. Но сепак, како што истакнуваат диететичарите и лекарите, сирењето содржи и калциум, протеини, витамини и други есенцијални хранливи материи, што значи дека кога се бира квалитетно сирење со малку маснотии и се јаде умерено, придобивките честопати ги надминуваат ризиците.
Ова е особено точно кога станува збор за свежо сирење, коешто е нискокалорична, со малку јаглехидрати и заситени масти, но е богата со протеини. Стручњаците издвојуваат најмалку седум благотворни својства на свежото сирење, како што пишува „Бест лајф“ (Best Life).
1. Помага да се изгради мускулна маса. Свежото сирење е одличен извор на протеини, па просечниот возрасен има потреба од околу 0,8 - 1,0 грам протеини по килограм телесна тежина дневно. Општо земено, протеините честопати недостасуваат во појадокот и тука навистина доаѓа до израз свежото сирење.
2. Ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта. А, каде што има ниска содржина на јаглени хидрати и е богато со протеини, свежото сирење може да се комбинира со храна богата со јаглени хидрати (на пр. овошје), за да се забави варењето и да се спречи растот на шеќерот во крвта.
3. Добро е за здравјето на цревата. Свежото сирење внесува здрави пробиотици во вашиот дигестивен тракт.
4. Го поддржува здравиот развој на коските и забите. На коските во човековото тело им требаат соодветни количини протеини, калциум, фосфор и витамин Д за да останат здрави. Свежото сирење збогатено со витамин Д обично ги содржи сите четири клучни хранливи материи.
5. Богата е со аминокиселини, битни за повеќе важни функции во телото. Тука спаѓаат разградување на храната, растење и обнова на ткивата, зајакнување на имунолошкиот систем, здраво варење, лачење хормони и хемикалии за мозокот и многу повеќеод тоа.
6. Свежото сирење помага при контрола на количината јадење што се внесува, зашто е богата со протеини, влакна и масти.
7. Здрава замена за високомасните сирења. Свежото сирење може да се користи како замена за сирењата со повеќе маснотии (како што е рикотата), на пр. во лазањи. Ова може да биде корисно за луѓето кои сакаат да го зачуваат вкусот во храната додека ја контролираат тежината на корисен начин.
Ново на Сител
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
