Фудбал
23. September 2026 - 9:24

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах

Последнопласираниот тим во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах, го назначи денеска 53-годишниот германски стратег Александар Блесин за нов тренер.
Блесин доаѓа на местото на Еуген Полански на оваа позиција и ќе се обиде да го извлече клубот од резултатската криза.

Борусија (М) моментално е единствениот тим во лигата без ниту еден бод, претрпувајќи четири порази во воведните четири кола со гол-разлика од 6-16.
Блесин седеше на клупата на Сент Паули од 2024 до 2026 година, а претходно ги предводеше Остенде, Џенова и Унион Сен Жилоаз.

 

МИА