Блокиран влезот на зградата на судот и Обвинителството во Нови Сад
Од рано утрото пред судот и Обвинителство во Нови Сад се собираат на протести граѓани и активисти и ја блокираат зградата, во обид да издејствуваат ослободување на шест активисти, приведени пред 60-на денови. Меѓу приведените е и професорката Марија Васиќ, која е префрлена пред четири денови во затворската болница во Белград откако штрајкуваше со глад.
Во 5:45 часот наутро, сите четири влезови на судската зграда и канцеларијата на обвинителот се блокирани.
Интервентната полиција исто така од утрото е пред зградата.
На официјалниот влез пред судот се и членови на опозициски партии.
Претходниот ден, до полноќ, беше обележан со немири на граѓани и на активисти на СНС пред просториите на таа партија во Нови Сад.
Совети на граѓани, здруженија на граѓани, студенти, неформални групи и истакнати поединци, опозициски партии и невладини организации и за денеска најавија дека е бидат пред Централниот затвор/Затворска болница во Белград, за да и се помогне и поддржи на притворената професорка Марија Васиќ.
Неколку протести со истите барања веќе беа организирани минатата недела пред судот во Нови Сад.
Шест активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако беа обвинети за обид за соборување на уставниот поредок, а во вторникот судот им го продолжи притворот за уште 30 дена.
Уште шест активисти на СТАВ се обвинети за истото кривично дело, но тие се во странство и недостапни за полицијата.
Сите се обвинети врз основа на аудио-снимка од нелегално прислушуван разговор, емитуван на српски телевизии на 14 март.
Адвокатите на одбраната на обвинетите постојано тврдат дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) нелегално го прислушкувала разговорот и додаваат дека аудио-снимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.
Ново на Сител
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Мора да наоѓаме решенија за развој - Сиљановска Давкова за договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство
-
Таравари се сретна со Рама, тема на средбата прашања од значење за Албанците во регионот
-
Бобан Илиовски во одбрана на титулата светски првак во WАКО про