Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
Mајкрософт и „ОпенЕјАј“ (OpenAI) водат истрага за тоа дали „ДипСик“ (DeepSeek), кинески стартап за вештачка интелигенција, незаконски презел податоци за технологијата на развивачот на ChatGPT, објави денеска Блумберг.
Експерти за безбедност на Мајкрософт оваа есен регистрирале масовно извлекување на податоци преку програмскиот интерфејс на OpenAI од лица за кои се претпоставува дека се поврзани со DeepSeek.
Интерфејсот на OpenAI е користен од развивачите на софтвер и бизнис-клиентите за да купуваат услуги од OpenAI.
Како најголем инвеститор во OpenAI, Мајксрософт ја известила компанијата за сомнителната активност, соопшти Блумберг.
Успешното ширење на четботот DeepSeek меѓу милиони корисници во САД во понеделникот предизвика паника и сомнеж на берзите за огромните инвестиции во вештачката интелиганција, при што цените на акциите на американските главни технолошки компании значително опаднаа.
Сепак, берзите синоќа затворија со тргување во позитивно салдо, по коментарите на експерти за ограниченоста на DeepSeek и сомежите дека компанијата најверојатно е контролирана од комунистиката власт на Кина и може, по теркот на ТикТок, да извлекува податоци за Американците.
Ново на Сител
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува
-
Трамп најави разговори со Путин во блиска иднина
-
Судењето за „Штекли“ продолжува со сведочење на вешти лица за психолошката состојба на Раде Трајковски
-
Поранешниот американски претседател Џо Бајден опериран од рак на кожа
-
Стабилно и сончево време
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба