Македонија
25. September 2025 - 10:21

BMW X3, Citroen C4 и магацин на маркет изгореа вчеравечер кај Зелен пазар | ВИДЕО

BMW X3 hybrid, Citroen C4 и магацин на маркет изгореа вчеравечер кај Зелен пазар. Причините за пожарот не се познати, но потекнал од паркирано возило, се префрлил на друго, па потоа и на магацински простор на ланец маркети.

Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески во изјава кажа добиле пријава за запален автомобил во 23:05 часот.

- Веднаш беа упатени две противпожарни возила од Центар Автокоманда кои со самото пристигнување увидоа дека пожарот е проширен на соседниот објект каде што било паркирано возилото. Така што испратено е уште едно противпожарно возило. Интервенцијата сѐ уште трае. Завршуваме некаде 30 минути после полноќ. Само материјална штета, нема повредени лица, вели Томeски.

 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)