Бочварски: Се чека документацијата за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот
![]()
Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој присуствуваше на минирање за градежен материјал кој е потребен за изградба на брана на река Отиња. Тој на новинарското прашање кога ќе биде дадена дозвола на компанијата, која ги врши тестирањата и која ќе биде првата гасоводна делница што ќе биде пуштена истакна дека до денеска не е пристигнато барање за пуштање на некоја од гасоводните делници од Штип до Битола и од Скопје до Гостивар.
- Веднаш кога ќе пристигнат документите, ние како Министерство за транспорт и врски ќе формираме Комисија која што ќе изврши и технички прием и сме подготвени да веднаш го завршиме овој предмет кога ќе стигне во Министерството. До ден денеска таков предмет не е пристигнат, но веднаш по пристигнувањето ќе започнеме постапка, вели Бочварски.

Министерот за транспорт и врски посочи и дека има постапка и за избор на изведувач на првиот интерконектор со соседна Грција.
-Денеска веќе има постапка за избор на изведувач за првиот интерконектор со Република Грција со што енергетската независност на државата ќе ја подигнеме на едно уште повисоко ниво. И она кое што можам да го истакнам е дека овие гасоводи се веќе завршени и ми е исклучително драго технички исправни и фирмата веќе прави постапка на испробување, испитување на цевката пред да биде ставена во функција, изјави Бочварски.
Тој посочи дека оваа Влада реализираше капитални проекти во делот на гасификацијата и тоа магистрални гасоводи во должина од 210 километри.
-Инаку, толку се немаат изградено во целиот останат период од независноста на Македонија до денеска и овие гасоводи се веќе реализирани од Штип до Неготино, од Неготино и Кавадарци до Прилеп и Битола се завршени како проекти, технички исправни и секако од Скопје преку Тетово до Гостивар, вели Бочварски.
Прашан која гасоводна делница прва ќе се пушти, Бочварски со одговор „Секако оној потрошувач којшто ќе биде подготвен да се приклучи на тие гасоводни линии наскоро ќе има можност и да го направи тоа“.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
