Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
Болни од рак на дојка повторно останаа без дел од терапијата. Пациенти на социјалните мрежи реагираа дека вчера и денес на Онкологија го немало лекот Фезго. Министерот за здравство не е запознаен за оваа ситуација, а од Клиниката велат дека проблемот е во доставата од добавувачот поради викендот и празничниот ден. Најавија дека веќе утре ќе го има и овој лек.
Од здружението ХЕМА – ОНКО веќе неколку години алармираат дека мора да се промени системот на набавка на онколошката терапија. Ова изминатиот период го спосочиле и на средбите со здравствените власти.
-Јас неколку пати апелирам дека се додека немаме промени на начинот на кој се набавуваат лековите, ние континуирано ќе имаме проблеми. Иако во зиминатите неколку случаи, проблемот е од страната на добавувачите, отколку на Клиниката за онкологија, која навреме ги прави набавките, изјави Ана Марјановиќ, од ХЕМА – ОНКО, здружение на онколошки пациенти.
Ист е проблемот и со обезбедувањето на цитостатикот Таксол, кој исто така знае да недостига на Онкологија, а има негова замена.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
