Босанка подарува куќа на семејство погодено од поплавите

Босанка направи хуман и достоен гест за почит во овие тешки времиња за Босна и Херцеговина. Имено, таа на својот Фејсбук-профил објави дека ќе му подари куќа и земјиште на семејство погодено од поплавите, т.е. сака да им помогне на оние кои останаа без дом.
Во својата објава, Дамира Табаковиќ од Велика Кладуша пишува: „Подарувам куќа и околу 7 дулуми земја (7.000 квадратни метри, з.п.) за семејство загрозено од поплавата. Ако некој сака да се пресели во Велика Кладуша, сакаме да помогнеме и прописно ќе препишеме сѐ 1/1. Нека се јави оној кому тоа му е потребно“.
Овој потег на солидарност покажува колку е важно луѓето да си помагаат во тежок миг, пишува порталот „Бука“.
Со оглед на неодамнешните поплави што ја зафатија БиХ, многу граѓани останаа без својот дом и основните средства за живот. Оваа приказна за Дамира Табаковиќ ја илустрира моќта на заедницата и хуманоста во време на криза. Пофалби за нејзиниот благотворен чин доаѓаат од сите страни, а нејзиниот пример може да послужи и за другите граѓани да се вклучат и да им помогнат на оние на кои им е потребна помош, објави „Радио Сараево“.
Ново на Сител
-

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид
-

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, викендов снег на планините
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
