Loading Video...
Кошарка
3. јуни 2022 - 11:09

Бостон поведе со 1-0 во финалето против Голден Стејт - постигнати рекордни 40 тројки

Екипата на Бостон го доби првиот дуел против Голден Стејт во големото финале на НБА плајофот.  
 
„Селтиски“ на гостувањето во Сан Франциско со голем пресврт во последната четвртина ги совладаа „Воините“ 120-100 и поведоа со 1-0  во победи финалната серија што се игра до четири добиени натпревари.
 
Мечот мина во брилијантно шутерско шоу во кое двата тима заедно постигнаа дури 40 тројки, што е НБА-рекорд во финалињата.
 
Стеф Кари, кој во прва четвртина постигна шест од вкупно седумте тројки и средбата ја завршни со 34 поени, не можеше на својот тим да му помогне да го избегне поразот. 
 
Ветеранот Ал Хорфорд кој реализира една тројка помалку од Кари (шест) заедно со Браун со 24 и  Вајт кој постигна 21 поен беа најзаслужните за победата на гостите. 
 
И следниот, втор, натпревар ќе се игра во Сан Франциско во понедленик наутро во  2 часот.