-->
-->
Бостон пред историски пресврт
-->

Бостон Селтикс го победи Мајами Хит со 104:103 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција.
Тимот од Масачусетс се врати од негатива од 0-3 и ќе има шанса пред своите навивачи да направи нешто што ниту една друга франшиза не успеала - да ја претвори негативата од 0-3 во триумф од 4-3.
Бостон беше на прагот на елиминација, бидејќи Џими Батлер ги погоди сите три шута за 103:102, но со неверојатните поени на Дерик Вајт успеаја да победат со 104:103.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тејтум со 31 поен, Браун додаде 26, Смарт 21, а херојот Вајт 11 поени. Кај Мајами Батлер постигна 24 поени, но од поле шутираше очајни 5-21.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
