Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза - имаме план, имаме ред, имаме сигурност

Размена на искуства, донаторска координација, разгледување на реализираните активности и утврдување на приоритетите за следниот циклус на реформи, со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, беше целта на денешниот состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во свечената сала на Владата. На настанот присуствуваа клучните институции од енергетскиот сектор, донаторската заедница, меѓународните финансиски институции и развојни партнери.
Во рамки на состанокот, информираат од Министерството, беа презентирани активностите поврзани со усогласување со европското законодавство, внатрешниот енергетски пазар, спроведувањето на Реформската агенда и напредокот во подготовката на Националниот енергетски и климатски план (NECP).
МЕПСО, ЕСМ и МЕМO информираа за развојот на проектите во своите области, вклучувајќи го market coupling процесот, подобрувањето на безбедноста на снабдувањето, модернизацијата на преносната мрежа и истражувањето и иновациите во соработка со академската заедница.
Министерката Сања Божиновска порача дека периодот на одложувања и импровизации во секторот е завршен.
- Градиме енергетски систем што нуди стабилност, доверба и одржливост. Новиот Закон за енергетика, инвестициите во обновливи извори и активната соработка со меѓународните партнери се клучни алатки со кои ги забрзуваме реформите и ја подготвуваме земјата за енергетската иднина, истакнала министерката Божиновска.
Таа додала дека во тек се подготовки за серија нови инвестиции во соларни и ветерни капацитети, модернизација на мрежната инфраструктура, како и дигитализација на процеси кои се клучни за транспарентност и ефикасност.
Министерството презентираше детали за постигнатите резултати во изминатиот период, меѓу кои: започнати инвестиции во сончеви и ветерни капацитети во соработка со KfW, ЕБОР и ЕИБ; старт на критични инфраструктурни проекти, како интерконекторoт со Грција и забрзување на процесите за интерконекторот со Србија; подготовка на национален план за реконструкција на јавните згради со фокус на енергетска ефикасност; напредок во процесите за праведна транзиција со конкретни чекори на терен.
- Секој киловат што нема да го потрошиме вреди исто колку киловат што ќе го произведеме, нагласила Божиновска.
Воедно Министерството ги претстави главните приоритети за наредниот период: финализирање на законите; продолжување на инвестициската динамика во обновливи извори и мрежи; дигитализација на процеси; унапредување на енергетската ефикасност; развој на интерконекциите; засилено следење и исполнување на роковите.
- Имаме работа која не трпи одложувања. Мора да работиме брзо и фокусирано за да имаме стабилен, модерен и поврзан енергетски систем што ќе донесе бенефит и за економијата и за државата и за граѓаните, заклучила министерката.
Учесниците го поздравиле напредокот и ја нагласиле потребата од понатамошна координација во реализирањето на заедничките цели: интегриран енергетски пазар, повисока ефикасност, енергетска безбедност и континуирано вклучување на нови технологии и иновации.
МИА
Ново на Сител
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
-

Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
