Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција

Министерката за енергетика Сања Божиновска преку видео обраќање го поздрави почетокот на изградбата на ветерниот парк кај Штип, инвестиција на „Алказар енерџи партнерс“ во износ од 500 милиони долари.
- Оваа Влада ја постави енергетиката како столб на развој. И нема да застанеме додека не ја трансформираме Македонија во регионален центар за обновлива енергија. Како министерка за енергетика, со гордост го поддржувам секој чекор кој води кон оваа цел. Инвестициите во ветер, сонце, вода се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места за македонските граѓани. Со оваа инвестиција се градат можности за младите, се градат индустриски капацитети за целата држава и енергетска сигурност за многу домаќинства, истакнува Божиновска.
Според Божиновска, секоја ваква инвестиција е доказ дека институциите во земјава се стабилен и предвидлив партнер за вложувања и дека земјава се гледа како стабилна за долгорочни вложувања.
Денешната инвестиција, како што наведуваат од Министерството за енергетика, носи повеќекратна корист: чиста и стабилна енергија, намалени емисии на јаглерод, пониски сметки за струја и отворање на педесетина нови работни места во фаза на изградба и уште повеќе во функционирањето.
- Министерството за енергетика останува посветено на поддршката на слични проекти и очекува дополнителни инвестициски шанси за зелена и иновативна енергетика, кои ќе донесат долгорочна корист за граѓаните, економијата и идните генерации, велат од Министерството.
Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар Енерџи“, ќе се протега на површина од 326 хектари. Проектот треба да се развива во фази, а ветерниот парк ќе биде со работен век од 25 до 30 години.
МИА
Ново на Сител
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
-

Министерот Мисајловски во посета на касарната во Ќојлија
-

Собранието ќе избира нови членови на Владата
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
