Loading Video...
Македонија
22. March 2026 - 16:48

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски денеска изврши увид во градежните работи на брана на река Отиња, најзначајниот инфраструктурен проект за Штип и регионот. Браната ќе акумулира 3 милиони метри кубни вода, со можност за наводнување на 200 хектари земјоделско земјиште и зелени површини. 

- До денес имаме реализација на 70% од овој проект. Крајниот рок за реализација е април 2027-ма година, но доколку не послужат временските услови, а тоа значи доколу имаме сува градежна сезона, можеби уште оваа година ќе го завршиме езерото. За да се наполни ќе биде потребно една година, што значи пролетта 2028-ма ќе имаме езеро, што навистина ќе е атракција и огромна работа, изјави Александар Николовски, вицепремиер.

Вкупниот буџет на проектот е 488 милиони денари или близу 8 милиони евра, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.

- До денес се реализирани 311 милиони денари и имаме доволно средства во буџетот за целосно да го завршиме овој проект, додаде Николовски

Браната ќе обезбеди и заштита од поплави, со регулирање на водотекот на реката. Дополнително, акумулацијата ќе отвори можности за развој на туризам, рекреација и спорт, што може да придонесе за локален економски развој.