Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти

Раководството на Бразилската фудбалска федерација повторно му пристапило на Карло Анчелоти за да му ја понуди улогата на селектор, објави „Глобо“. Ова не е првпат функцијата во „Селесао“ да му биде понудена на Италијанецот, кој веќе ја одби пред неколку години.
Откако загуби со 4-1 од Аргентина во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, Федерацијата почна да размислува за потенцијални замени за Доривал Жуниор.
За секоја одлука ќе треба да се почека до учеството на Реал Мадрид на Светското клупско првенство кое во јуни и средината на јули се игра во САД. До овој момент, Бразил веќе ќе ги одигра квалификациите за Светското првенство против Еквадор и Парагвај.
Во меѓувреме, Реал Мадрид сè уште го држи тренерот во неизвесност, откако информациите велат дека би можеле да го отпуштат доколку повторно не ја освојат Лигата на шампионите или ја победат Барселона во Ла Лига.
Поранешниот тренер на Милан, Пари Сен Жермен, Челси и Баерн Минхен исто така се поврзува со враќање во Серија „А“, каде би можел да ја преземе Рома.
Ново на Сител
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
-

Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата
-

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата
