Британски лекар: Децата инфицирани со Омикрон страдаат од невообичаен осип
Децата заразени со варијантата на коронавирус Омикрон може да добијат „невообичаен“ и агресивен осип“, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз.
Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со Омикрон во споредба со возрасните. „Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите“, рече тој.
Лојд нагласи дека мала група пациенти со Ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со Омикрон имаат необичен осип“.
Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот. „Да се надеваме дека Омикрон не е толку смртоносен како Делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки, рече тој.
Ново на Сител
-
Од 1 декември полесно до прв стан на кредит
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на донации
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи