Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во земјата ќе се градат кампови за мигранти
Британскиот амбасадор во државава Метју Лосон ги демантира информациите дека со Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото кралство во земјата ќе се градат кампови за мигранти.
-Суштината на ова стратешко партнерство се инвестиции, раст на економијата работење заедно за взамена корист и на веќе одличното трговско партнерство. Драго ми е што земјата се согласи дека ќе се приклучи на заедничката мисија во однос на мигрантите, но тоа ќе се однесува на полициските сили кои што ќе работат заедно, соочување со криминалните банди, подобро споделување на разузнавачки информации и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство во однос на безбедноста, трговијата, одбраната, инвестициите. Знам дека има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но овде не се работи за тоа, подвлече Лосон на заедничката прес - конференција со премиерот Хростијан Мицкоски по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.
Прашан дали во рамки на стратешкото партнерство може да се очекува и олеснување на визниот режим за македонските граѓани, британскиот амбасадор истакна дека во моментов притисоците од мигрантите во Обединетото Кралство се навистина големи, но ова е нешто за што може да се разговараме во рамките на стратешкото партнерство.
-Ќе продолжиме да зборуваме за сите овие прашања, но сметам дека политички за нас во моментов е навистина трешко особено кога станува збор за миграцијата, и токму таму се рефлектирта и визниот режим дури и со мошне блиски партнери како Северна Македонија. Но, ова стратешко партнерство може само да помогне да се продлабочат односите, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите, рече амбасадорот Лосон.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола
-
Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
-
Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп
-
Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања