Брнабиќ најави поднесување амандман со што ќе се овозможи преземање на НИС

Српските власти се очекува денеска да поднесат амандман во Предлог-законот за буџетот за 2026 година, со кој ќе се отвори можноста државата да ја преземе сопственоста врз Нафтената индустрија на Србија (НИС).
„Утре и задутре ќе ги разгледаме амандманите и ќе видите дека, по разговорите што претседателот Александар Вучиќ ги имаше со различни страни, еден од амандманите што ќе бидат поднесени ќе биде оној што ќе ја предвиди околноста дека ние ќе ја преземеме НИС во одреден момент“, изјави таа синоќа за Јуроњуз.
Таа додаде дека е против национализацијата, но дека „ништо не смее да го загрози животниот стандард на граѓаните и економијата“.
„Не би поддржала национализација затоа што сум економски либерал. Мислам дека национализацијата не е правилниот пат бидејќи ја отвора Пандорината кутија…Се надевам дека руските партнери ќе го земат тоа предвид“, рече Брнабиќ.
„НИС е под санкции на САД во изминатите 47 денови, а нивната рафинерија во Панчево што снабдува поголем дел од српскиот пазар, има уште четири дена до целосно затворање“, објави претседателот Вучиќ вчера, кој на прес-конференцијата додаде дека српската влада одлучила да и понуди на руската страна рок од 50 дена за завршување на преговорите за купопродажба на мнозинскиот удел во НИС.
Српската влада во понеделникот одржа вонредна седница на која се дискутираше за енергетската состојба во земјата.Беше констатирано дека економијата и граѓаните немаат причина за загриженост, со оглед на тоа што има доволно од сите нафтени деривати.
За да се избегнат прекини и да се обезбеди сигурно и рамномерно снабдување, ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ во понеделникот разговараше со претставници на трите најголеми странски нафтени компании на српскиот пазар: унгарскиот MOL, грчкиот EKO, австрискиот OMV и генералниот секретар на Здружението на нафтени компании.
Барањето на САД, Русија целосно да се откаже од сопственоста не е променето, но беше одобрено преговорите за структурата на сопственост да се одржат до 13 февруари.
МИА
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
-

Од 30 на над 200 елени: Успешната приказна на репродуктивниот центар во НП Галичица | ФОТО
-

Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска – Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството
-

Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренланд може да посака да се припои кон Русија
-

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
-

Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
-

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
