ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
Бројот на неухранети деца во Појасот Газа од март годинава е зголемен за три пати, покажуваат податоците на ОН објавени вчера.
Филип Лазарини, шеф на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци-УНРВА (UNRWA), вчера на X внапиша дека „само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети“.
„Ова не е природна катастрофа. Ова е глад предизвикан од човекот што може да се спречи“, рече Лазарини.
Бројките на УНРВА се базираат на податоци за приближно 100.000 деца под петгодишна возраст. На УНРВА и на другите хуманитарни организации веќе шест месеци не им се дозволува да доставуваат помош во Газа. Агенцијата објави дека нивните магацини во Египет и Јордан содржат доволно храна за 6.000 товарни камиони, со залихи доволни за три месеци.
Меѓународниот притисок врз Израел се засили поради катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа. Израел ја блокираше испораката на хуманитарна помош и го обвини Хамас за пренасочување на залихите.
Израел претходно обвини членови на УНРВА за учество во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Контроверзната Хуманитарна Фондација за Газа (ГХФ), поддржана од Израел и САД, од крајот на мај почна да дистрибуира хуманитарна помош на местото на УНРВА, а за време на дистрибуцијата на помошта, имаше многу жртви меѓу Палестинците.
МИА
Ново на Сител
-
Почна кампањата за промоција на Националниот портал uslugi.gov.mk
-
Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
-
Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници
-
Одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров
-
Си: Кина и Индија се партнери за соработка, а не соперници
-
Деветнаесетгодишно момче загина во минско поле во БиХ
-
Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи
-
ЦУК: До 10:00 часот утрово во државава има четири пожари и истите се под контрола