Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти

Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.055.000 и е намален за 8.5 проценти во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во меѓународниот превоз бројот на превезени патници е намален за 53.3 проценти, во градскиот за 10.4 проценти, во меѓуградскиот за 6.7 проценти, а во приградскиот за 3.6 проценти.

Вкупниот број на патничките километри во последниот квартал од минатата година е 242.740.000 и е намален за 21.7 проценти во однос на истиот период од претходната година. Притоа, во градскиот превоз патничките километри се зголемени за 26.4 проценти, а намалени се во меѓународниот, за 35.5 проценти, во приградскиот за три проценти, а во меѓуградскиот за 1.7 проценти.
Во 2025 година превезени се вкупно 38.739.000 патници со автобус, од кои во градскиот 19.848.000, во приградскиот 15. 071.000, во меѓуградскиот 3.303.000, а во меѓународниот 516.000 патници.
МИА
Ново на Сител
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
