Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
Уште три тела се пронајдени откако туристички брод се преврте во познатиот залив Ха Лонг во северен Виетнам, со што бројот на жртви се искачи на најмалку 38, соопштија денеска властите.
-Телата на тројца членови на екипажот, заробени во кабината, се пронајдени, изјави Министерството за национална одбрана за пребарување и спасување. Меѓу потврдените мртви има осум деца.
Бродот, кој превезуваше 48 туристи и пет члена на екипажот, се преврте поради силни ветрови вчера попладне, додека беше на обиколка на заливот Ха Лонг.
Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин ги повика властите да дадат приоритет на спасувачките операции.
Властите мобилизираа 323 лица за спасувачката операција, вклучувајќи гранична полиција, морнарица, полиција и пристанишни власти.
Заливот Ха Лонг, место на светското наследство на УНЕСКО, се протега на над 1.500 квадратни километри и е полн со речиси 2.000 острови и островчиња. Тој е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, привлекувајќи милиони посетители секоја година.
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино