Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели, Турција, се зголеми на шест, откако се пронајдени телата на уште две исчезнати лица.
Потрагата по исчезнатите по поплавите што го зафатија Истанбул на 14 октомври продолжува.
Како што денеска објави „ТРТ Хабер“, во акција на поморската полиција во заливот Златен Рог во Истанбул било пронајдено тело на маж.
Утврдено е дека станува збор за 30-годишниот Мурат Бабаџанов, државјанин на Туркменистан.
Со тоа, бројот на загинати во Истанбул се зголеми на пет, а продолжува потрагата по уште две исчезнати лица.
Во меѓувреме, во областа Гебзе во провинцијата Коџаели било пронајдено телото на едно од двете лица што исчезнаа откако нивниот џип бил однесен од надојдена вода.
Идентитетот на пронајденото лице сè уште не е утврден, а потрагата по другото исчезнато лице продолжува. Потрагата по пронајденото тело траела околу 13 часа.
По обилните врнежи во средата од коритото се излеа поток во населбата Ајазага во Истанбул, при што беа оштетени бројни куќи, деловни објекти и возила.
Во погоденото подрачје продолжуваат и активностите за уривање на објектите што се сметаат за ризични и се наоѓаат долж коритото на потокот.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
