Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот

Во општина Брвеница ќе се одржи втор круг од предвремените локални избори за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не успеа да обезбеди мнозинство од гласовите.
Според резултатите објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг ќе се соочат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата предводена од ДУИ.
Радичевски освои најмногу гласови, односно 2.943 или 38,9 проценти, додека Јахиј доби поддршка од 2.152 избирачи или 28,4 проценти.
На третото место се најде Јакуп Хусеини од ВЛЕН со 1.528 гласа или 20,2 проценти, а четвртопласиран е кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Јовица Радески, со 706 гласа или 9,3 проценти. Независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи освоија значително помал број гласови.
Ново на Сител
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
