“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
Вистинска лотарија е да добиете термин кај офталмолог, невролог или ортопед на средината на месецот.
Упатувањето на пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита и понатаму им предизвикува стрес и нервоза на матичните лекари кои не можат да одговорат на потребите на пациентите. Велат дека термини има недоволно и најголем број ги снемува уште првиот ден кога ги пуштаат од клиниките и болниците.
-Ништо не е сменето во тој дел. Проблем има, нашиот начин на работа продолжува голготата, револтот пациентите кај нас го изразуваат. Мора да се смени нешто во функционирањето на Мој термин. Треба да биде ние да креираме упати во систем и мој термин како за нега да праќа пораки, да се смени нешто во тој дел и тоа е нешто што ние како здружение со години го велиме, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Дополнителен стрес, нервози и шетање за пациентите е кога ќе стигнат кај специјалист а тој има потреба од други анализи и испитувања и повторно ги враќа кај матичните наместо директно да ги упати каде треба.
-Мора да профункционира интерспецијалистички упат, тој сме го содале постои и не знам зошто не се применува. Не може пациент од Крива паланка го праќа матичен на пример на ортопед во ГОБ 8ми септември а тој вели е сега трерба ова, она, пак кај матичен..ако требс на магнет ќе го прати на магнет, ако треба рендген, ќе го прати на рендген, вели д-р Дервишова.
Од Министерството за здравство велат дека се свесни за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните поради недостиг на термини и затоа преземале иницијативи за подобрување на достапноста.
-Активностите се фокусирани на поефикасно управување со постојните ресурси, оптимизација на системот за закажување,зголемување на капацитетите таму кај што е најпотребно како и унапредување на организацијата на работните процеси, ни одговорија од здравство.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
