Loading Video...
Македонија
8. јуни 2025 - 16:54

Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц

Бугарија го зголемува притисокот врз европските институции. По писмото на 17-те европратеници, потпретседателката Илијана Јотова бара известувачот за Македонија Томас Вајц да биде сменет. Ја повика претседателката на ЕП сериозно да го разгледа писмото на бугарските европратеници. 

Радев пак тврди дека репреговарање со него не е возможно. Бугарските ставови биле јасни, а Бугарија мора постојано да внимава на континуирано лобирање на Македонија во сите европски институции 

И бугарскиот министер повторува дека нема да се поместат ниту сантиметар од нивните позиции. Тврди дека во разговор со австриската колешка и добил уверување дека отстапување од договореното за Македонија нема да има.

„Разговарав со мојот австриски колега и ве уверувам дека нема отстапување, ниту еден сантиметар, од она што РСМ мора да го направи - да го промени својот устав и да ги исполни поставените критериуми, лично бев убеден во ова“.

Ова се коси со ставот на Мајнл-Рајсингер која неодамна од Скопје испрати порака дека Билатералните прашања не треба да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Обединетиот став на бугарските полиичари засега е успешен модел во процесот со Македонија. По ставот на Филипче дека Бугарија јасно мора да каже дека нема да има нови барања за Македонија, експертската јавност не исклучува можност за национален консензус и кај нас и обединување на македонските политичари. 

Според екс амбасадорот Донев, Македонија извојува победа со одложување на гласањето во Европскиот парламент, но вели главната битка треба да се води во Советот на Европа каде ги имаме Резолуциите за признавање на македонското малцинство во Бугарија.