Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
Бугарија не го поддржува но го разбира бегството на Ива Михаилова. Бугарскиот амбасадор во земјава кој утрово беше повикан на рапорт во МНР вели дека станува збор за чекор направен во очај
Радуков рече дека се уште се утврдува дали Михаилова легално влегла во Бугарија. Додаде дека ниту еден официјален бугарски претставник на ја пречекал, а најавата за средба со претседателката Јотова, бугарскиот амбасадор ја оцени како номралмана загриженост на една мајка за како што рече, ваков хуманитарен случај.
Токму овие најави за средби, Македонија ги доживува како провокации, му било кажано на Радуков на средбата во МНР.
„На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи.
Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции.“ – се вели во соопштението на македонското МНР.
Извори на Сител брифираат дека Радуков во МНР се држел до тоа дека за Михаилова нема простор за лечење во Македонија а додал и дека на македонското судство не можело да му се верува бидејќи имало ниска доверба. Во МНР тврдел дека на Бугарија воопшто не и одговара ваков развој на овој случај но потенцирал дека официјална Софија не врши екстрадиција на бугарски државјани.
Не очекува овој случај да има влијание врз билатералните односи
Покрај Ива Михаилова, во бегство во Бугарија е и нејзиниот татко кој во Македонија има за лежење 12 ипол години затвор по пресуда за обид за убиство и серија насилни кривични дела.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
