Бугарија нема да наплаќа за транзитот на руски гас – македонската индустрија може да здивне
Бугарија ќе ја укине таксата за транзит на руски гас низ нејзината територија. Откако Србија и Унгарија најсилно го кренаа гласот по воведувањето на оваа давачка од 10 евра за мегават/час од страна на бугарската влада на 13 октомври, и заканата за вето од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан за влез на Бугарија во Шенген зоната, партиите на поранешните Премиери предложија законски измени.
По одбивањето на Австрија и Холандија да дадат зелено светло за Бугарија и Романија, поради проблеми со владеење на правото и граничната контрола, прашањето за рускиот гас и таксата се отвори пред неколку дена кога Австрија најави дека делумно ќе го тргне ветото дозволувајќи “воздушен”, но не и “копнен” шенген.
Образложението на Кирил Петков е дека таксата се одложува додека да се подготви заеднички европски механизам, а пак според изјавата на Бојко Борисов станува јасно дека отпаѓањето на таксата е мерка на претпазливост, таа да не биде пречка за влез во Шенгенот.
И Македонските Власти реагираа за воведувањето на како што ја нарекоа нелегална такса и најавија дека ќе ги искористат сите правни можности таа да се отстрани.
Последната одлука на Бугарија оди во прилог на македонската индустрија и за производството на електрична и топлотна енергија ТЕ-ТО, додека гасот во домакинстата се користи незначително поради ограничената дистрибутивна мрежа.
Руски гас преку Бугарија освен Македонија, Србија , Унгарија добиваат и Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија нема добиено никаков руски гас од крајот на април 2022 година, кога одби да го плати во рубли.
Проценките на бугарските власти е со таксата во буџетот да се приберат 2,4 милијарди евра годишно.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар