Бугарија побара помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападите со дронови врз два брода во Црното Море

Бугарија побара техничка помош од Европската Унија и НАТО во истрагата за минатонеделните напади со дронови врз два товарни брода во Црното Море, од кои едниот потона, а другиот беше оштетен.
Бугарскиот премиер, Румен Радев, вчера изјави дека сè уште не е јасно дали дроновите биле лансирани од Русија или од Украина.
Еден од нападнатите бродови, „Алфа Ватан“, потонал речиси веднаш по нападот, за околу три минути. Димитар Недјалков, професор на Воената академија во Софија, изјави дека дрон способен да предизвика толкава штета би морал да биде опремен со боева глава тешка повеќе од 300 килограми.
На бродот „Алфа Ватан“ што пловел под знамето на Того, имало 12 членови на екипажот, кои сè уште се водат како исчезнати.
Вториот брод, „Абл“, што пловел под знамето на Палау и превезувал жито кон Истанбул, се запалил по нападот. Неговиот 18-член екипаж беше спасен.
Првичната истрага не открила остатоци од дрон на бродот.
Според медиумските извештаи, „Абл“ во меѓувреме ги напуштил бугарските води.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека нападите се „уште еден дел од напорите на Русија западниот дел на Црното Море да го направи целосно непогоден за пловидба“.
По контактите со бугарската страна, било утврдено дека станува збор за „комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови“, рече Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
-

Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев
-

Петмина загинати, десет лица се водат како исчезнати по ураганот и тропската бура во Мексико
-

Бугарија побара помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападите со дронови врз два брода во Црното Море
-

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
