Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во земјава, Желјазко Радуков, во врска со случувањата поврзани со Ива Михаилова, при што му беше пренесено дека начинот на кој таа била пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација и ги подрива напорите за градење доверба и развој на добрососедските односи.
На средбата било нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на државата и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.
- Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции - било посочено на средбата, се додава во соопштението.
Од МНРиНТ нагласија дека од Бугарија, како членка на Европската Унија, очекуваат постапување во согласност со основните европски принципи, вклучително и почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото.
- На амбасадорот му беше пренесено дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа. На средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна - се нагласува во соопштението од МНРиНТ.
Ива Михајлова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија.
За Михајлова, која има и бугарско државјанство, во сила е активна судска забрана за напуштање на земјата.
Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.
- Преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија, соопшти попладнево МВР.
Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова дека се наоѓа во Софија.
МИА
Ново на Сител
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
