Македонија
6. August 2025 - 12:13

Буково го труе Охрид и во лето

Депонијата Буково го загадува воздухот и животната средина. Ѓубрето постојано се пали а обидите за нејзино затрупување со земја се неуспешни поради непристапниот терен. До крајот на годинава треба треба да се изнајде начин за реанимација на депонијата која согласно првичните препораки на Унеско требаше да биде затворена најдоцна до 2020 година.

Дивите депонии се закана, каде граѓаните често алармираа за тешката миризба која што го загрозува нивното здравје.

Иницијативата Збогум Буково“, којашто доби поддршка од 50 невладини организаци и месни заедници, не се откажува од барањето за итно затворање на охридската депонија Буково и изградба на регионална депонија, каде што ќе се складира отпадот. Крајниот рок за изградба на регионалната депонија во општина Новаци е 2027 година.